Со фалсификувани документи сакале да полетаат од охридскиот аеродром

491

Против петмина државјани на Албанија поднесена е кривична пријава поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа.

Станува збор за лицата Т.Р. (41), Б.Г. (40), Б.Р. (37) и двајца малолетници, кои на 31 август на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи.