Со сведочење на тројца сведоци продолжи судскиот процес „Тарифа“

143

Со сведочење на тројца вработени во АД ЕЛЕМ денеска се одржа рочиштето за предметот „Тарифа“ во кој е обвинет поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и уште две други лица за противзаконска набавка на софтверски систем вреден околу четири милиони евра.

Раководителот за набавки во АД ЕЛЕМ Никола Стојановски на прашање на одбраната рече дека според него системот, кој е предмет на судењето, во моментот не се користи поради човечки фактор. 

Тој беше повикан само да ги потврди потписите на еден од договорите што му беше доставен на увид. 

Во судот сведочеше и Билјана Василева, која сега е вработена како советник на генералниот директор за правни работи, а во времето на набавката на софтверот била директорка за правни работи, на која позиција дошла од референт во ЕЛЕМ каде пак била само еден месец вработена.