Со нож нападнато и ограбено момче во Железара

606

Осумнаесетгодишно момче денеска било нападнато со нож и ограбено во населба Железара.

Настанот се случил околу 18 часот во близина на „Жито Маркети“, еден од најпрометните делови на населбата, кога крадецот заканувајќи се со нож му го украл ланчето на момчето.

Очевидец вели дека напаѓачот избегал со мотор. Повикале Брза помош бидејќи момчето крварело.