Со „мерцедес“ удрил во полицајка и побегнал

177

Скопјанец на возраст од 54-години е уапсен на 15 декември кога истиот ден со автомобил „мерцедес“ удрил во полициска службеничка на булеварот Партизнаски одреди.

Како што информираат од МВР, сè почнало кога возачот не застанал на знакот за запирање од полицajката и со „мерцедесот“ удрил во неа.

После тоа, 54-годишникот го напуштил местото, но набргу бил пронајден.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.