Со лажна потврда скопјанка подигнала кредит од 900.000 денари

633

Скопската полиција за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против две скопјанки на возраст од 56 и 36 години кои заедно изготвиле лажна потврда за редовен работен однос за првопријавената.

Со лажната потврда жената во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна и подигнала кредит од 900.000 денари.

Скопјанките се товарат за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.