Со изгореници од втор степен се здобил маж при пожар во Кочани

145

Вчера околу 19 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „14 Бригада“ избувнал пожар во помошна просторија (шупа) од куќа сопственост на Ж.Н. (67) од Кочани.

-При обид за гасење на пожарот Ж.Н. се здобил со изгореници од втор степен и бил задржан во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Од страна на Територијална противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот.