Сопственик на кумановска фирма злоупотребил туѓа банкарска картичка

128

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

– На 24.2.2020 пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета – информира МВР во дневниот билтен.