фото: Приватна архива / Фејсбук

Алах да им даде рај на починатите, а на повредените што поскоро опоравување, напиша на својот фејсбук-профил Беким Хаџиу, сопственикот на „Беса транс“, компанијата во чиј автобус на 23 ноември во Бугарија загинаа 45 патници.
– Овие зборови ги кажувам со жалење и со повредено срце. Тие беа исто така наше семејство, бидејќи секогаш кога патувавме и патниците ги сметавме за наше семејство. Четири дена бевме заедно во Истанбул и забележав дека повеќето и порано доаѓале со нас на тури со нашите автобуси за Истанбул. Овие тестови се од Алах и верувам дека се прифатени од секој верник, неговата волја не може да биде променета ни за минута и бараме од Алах никого да не тестира – напиша Хаџиу на фејсбук.
Македонските власти соопштија дека автобусот во кој загинаа 45 патници немал извод од лиценца за меѓународен сообраќај и дека не бил стар три, туку 13 години.