Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато

67

Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, заради  увидот  на сообраќајна незгода.

Според СВР Тетово, утрово околу 9.30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки.

Извесно време патниот правец кон Стража беше во застој, а од пред еден час полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци.