Сообраќајка меѓу два камиони и велосипед

186

Велосипедист од Струмица е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата Климент Охридски во Струмица.

Несреќата се случила помеѓу товарно возило „фолксваген Л80“ управувано од Р.С. (33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280’’ управувано од М.А. (23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола за управување со возилото и велосипед управуван од Н.К. (37) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.