Скопјанка забременила од лице што ја силувало

299
фото илустрација

На седумнаесетгодиша девојка од Скопје и е констатирана бременост откако пред околу четири до пет месеци врз неа непознато лице извршило обљуба.

Според МВР, случајот вчера во полиција го пријавил таткото на девојката.

Девојката била пресретната од напаѓачот  кај Железничката станица, по што тој ја внел во возило и ја силувал.

Таткото за овој немил настан дознал пред три недели од разговарот  со неговата сопруга и со ќерката.

Бременоста на девојката е потврдена на скопската Клиника за гинекологија.

Се работи на целосно расчистување на случајот.