Скопјанец ја нападнал сопругата пред угостителски објект

333

Полицијата привела скопјанец поради физички напад на неговата сопруга.

Како што информира МВР во 2:07 часот пред угостителски објект на ул. Анастас Митрев, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.Б.(57) од Скопје, кој физички ја нападнал неговата сопруга.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ, информира полицијата.