Скопјанец уценувал девојка оти му раскинала

1032
фото илустрација

Скопјанец и се заканувал и ја уценувал поранешната девојка бидејќи ја прекинала врската, соопшти полицијата.

Според истиот извор, вчера 26-годишна девојка од Скопје пријавила дека нејзиното поранешно момче В.С.Д. ја уценувало и и се заканувало.

Откако на 30 април годинава ја прекинала љубовната врска со В.С.Д., тој и се заканувал и побарал да му даде 2.000 евра бидејќи бил повреден. И се заканил и дека ќе и го одземе старателството врз нејзиното дете, на кое тој не му е родител.
В.С.Д. се заканил и дека ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, а од неговиот фејсбук профил испратил фотографија и порака со компромитирачка фотографија на нејзината сестра, како и на две нејзини пријателки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.