Скопјанец тешко повреден откако паднал од петтиот кат на зграда во Аеродром

687

Чувар вработен во угостителски објект на скопскиот булевар „Јане Сандански“, вчера во раните утрински часови пријавил во полиција дека маж паднал од зграда и удрил во тендата на објектот.

Според пријавата на чуварот, инцидентот се случил околу 6 часот и 40 минути, додека тој бил на работното место, а човекот паднал од четвртиот или петтиот кат на зградата.

Екипите за итни случаи констатирале дека повредениот човек е 46-годишниот П.Ј. од Скопје. Тој веднаш бил пренесен во Ургентен центар каде му биле константирани тешки повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.