Скопјанец тешко повреден откако изгубил контрола и паднал од скутер

35

Дваесет и четиригодишен возач на мопед „пјаџо тајфун“ се здобил со тешки телесни повреди откако синоќа изгубил контрола на булеварот „Авној“ во Скопје и паднал на коловозот.

Несреќата се случила во 20:30 часот, а повредениот К.А. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.