Скопјанец сексуално се задоволувал пред случајни минувачи

394

Единицата за насилен криминал при скопската полиција до скопското Основното јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 26-годишник кој во неколку одвоени случаи сексуално се самозадоволувал пред други граѓани.

Како што информираат од МВР, скопјанецот за релативно краток временски период во неколку наврати извршил задоволување на полови страсти пред случајни минувачи, и тоа на 20 јануари и 3 февруари годинава на булеварот Кочо Рацин и на 25 февруари на улицата Мито Хаџивасилев – Јасмин.

Против 26-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение дека е сторител на кривично дело задоволување полови страсти пред друг.

По неговото лоцирање и апсење, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител.