Скопјанец пронајден мртов во автомобил

194

Во паркирано возило вчераутро бил пронајден починат М.М. (71) од Скопје, на обиколницата помеѓу селата Орман и Волково во правец од Скопје кон Тетово.

МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 10.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.