Скопјанец починал од струен удар додека работел во својот дом

188

Во полициската станица Ѓорче Петров на 20 јули бил пријавен трагичен инцидент во кој загинал 74-годишен жител на скопското село Кучково.

Според пријавата, истиот ден во Кучково, 74-годишникот вршел градежни активности во неговата семејна куќа (влечел котур со кабел), по што паднал и починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт како последица од струен удар.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.