Скопјанец повреден од куршум додека излегувал од возилото

291

Синоќа, во 21 часот, во СВР Скопје, од приватна болница било пријавено дека кај нив со повреда на ногата бил донесен Ј. Е. (54) од Скопје.

Во разговор со полициски службеници Ј. Е. изјавил дека додека излегувал од својот автомобил, бил погоден од проектил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.