Скопјанец повреден од залутан куршум

86

Триесет и шестгодишен скопјанец пријавил дека на езерото „Треска“, во скопското село Сарај бил погоден во левата нога од залутано зрно.

Нему му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била констатирана телесна повреда.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.