Скопјанец загина во сообраќајка во Автокоманда

1581

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на полицијата, околу 3.50 часот било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучка „Дијамант“ автомобил „алфа 147“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Б. (22) од Скопје излетал од коловозот и удрил во дрво.

Сопатникот Д.П.(38) од Скопје починал на самото место, а возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.