Скопјанец го застрелал кучето на соседот

874

Четириест и четиригодишен скопјанец, со иницијали Д.Б. со пиштол усмртил ротвајлер, сопственост на неговиот сосед.

Според пријавеното, тој претходно бил нападнат од страна на кучето, па го застрелал во дворот.

Како што соопшти МВР, настанот се случил на улицата „1439“ и се преземаат мерки за расчистување на случајот.