Силувал жена заканувајќи се дека ќе објави компромитирачки фотографии

375

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Л. (46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

-Во периодот од ноември 2017 до 9 јули годинава година во неговиот дом во Кочани пријавениот, со закана дека ќе објави слики со компромитирачка содржина, во неколку наврати извршил обљуба врз женско лице од Кочани, информираат од МВР.