Се скарале на улица, па расправијата ја продолжиле со тепачка во кафеана во Лабуништа

214

Синоќа, во 22.30 часот, во Полициското одделение Велешта, С.А.(31) од струшкото село Лабуништа пријавил дека истиот ден околу 20.15 часот, додека бил на своето работно место како келнер во угостителски објект во селото, бил физички нападнат од соселанецот М.О., со кој претходниот ден имал расправија за првенство на минување со нивните возила. Се работи на расчистување на случајот, информира МВР.