Се претставувал како висок функционер и измамил пензионер

203

Измамник се претставувал како вработен во Влада и на старец од Скопје му изнудил 76.000 денари, ветувајќи му дека ќе издејствува неговата сопруга да земе предвреме пензија.

-Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија. Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари- информираат од МВР.

Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.