Се преврте трактор во Сарај, двајца повредени

134

Две лица се повредени откако се превртел тракторот со кој се превезувале.

Како што соопштија од МВР, вчера во 18.30 часот на улицата „1“ во село Сарај, Скопско, трактор со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(25) од истото село, изгубил контрола и се превртел.

Возачот Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека 15-годишен сопатник од село Грчец се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.