Се преврте камион кај Битола, возачот повреден

139

Tешка сообраќајна несреќа се случила вчера кај Битола.

Од МВР информираат дека несреќата се случила околу 16 часот на магистралниот пат Ресен-Битола, кај местото викано „Црвен” кога товарно моторно возило „мерцедес” со битолски регистерски таблици управувано од С.С.(61) од Битола се превртeло.

Во незгодата С.С. се здобил со повреди, по што бил пренесен во Јавната здравствена установа во Ресен за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот на делницата од Ресен до Макази поради истурен товар од товарното возило бил во целосен прекин од 16.20 до 21.30 часот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот