Се преврте автобус во близина на Карпалак

623

Автобус полн со патници се преврте на автопатот Тетово-Скопје кај селото Ласкарци во близина на Карпалак денеска околу 17 часот, потврдија од МВР.

На скопските клиники засега се донесени тројца повредени, од кои двајца потешко, на кичмата и екстремитетите, додека третиот е полесно повреден, потврди за МИА, директорот на ТОАРИЛУЦ, Илир Хасани.

Во болницата во Тетово се пренесени две лица, меѓутоа, како што јави дописникот на МИА, директорот нема информации во каква состојба се повредените.

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.