Се запали стан на Рузвелтова, пожарот избил при готвење

693

Во скопската населба Карпош, на улицата Рузвелтова се запалил стан на петиот кат над кафулето Рузвелт.

Според првичните информации, пожарот почнал во кујната каде станарите готвеле, а потоа ги зафатил и другите соби.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот пред да се прошири во зградата, но станот е целосно уништен.

Во пожарот нема повредени.