Се запали „мерцедес“ во скопско Бардовци

154

В.В. од селото Бардовци, Скопско, синоќа во СВР Скопје пријавил дека околу 16 во дворот од семејната куќа настанал пожар во патничкото возило „мерцедес“.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.