Се запали возило во дворот на МВР

69

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц гауер“ и се запалило во близина на бензинската пумпа од засега непознати причини, потврдија од МВР.

Од страна на противпожарните служби пожарот е изгаснат и причините дополнително ќе се утврдуваат.