Се запалија неколку автомобили на паркинг во Ново Лисиче

271

Утрово во скопската населба Ново Лисиче, на паркинг гореа автомобили. Жителите од околните згради се собраа да го гаснат пожарот, а некои и си ги преместуваа своите возила, за да не ги зафати огнот и нив.
На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот.

Од МВР велат дека едно возило изгорело, а други две биле делумно опожарени.

– На булеварот АСНОМ, на паркинг констатирано е дека целосно е опожарено возило марка „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблици, сопственост на М.Ј. (35) од Скопје и делумно опожарени две возило марка „фиат пунто“ сопственост на И.Н. (41) од Скопје и возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици сопственост на К.С. (73) од Скопје. Пожарот беше изгаснат од Противпожарната бригада, повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР.