Семејството моли за помош: Маж исчезна во Скопје

787

Семејството моли за помош, Алибен е исчезнат веќе трет ден.

Алибен е виден последен пат на 1 февруари, како излегува од дома во Маџир Маало без сите негови лични документи, новчаник и телефон.

Често пазарува на бит пазар, зелено пазарче но се движи по цело Скопје (најчесто на точак, поретко со автобус).

На себе носи црна монтка, сина кошула, син џемпер, црни панталони и окер боја чизми, црна ташна преку рамо и количка за пазарување на пазар (зелена карирана).

Има проседа коса, зелени очи, висок околу 167 сантиметри и тежок околу 68 килограми Контактибилен е ориентиран во простор и време, без губиток на меморија.

Доколку некој го забележи нека се јави на некои од следните телефонски броеви: 077/602-032; 070814060; 077631120