Денеска во временскиот период од 8:00 до 14:00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена регионална акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

Притоа биле контролирани 80 возила, а биле утврдени 17 неправилности, кои се соодветно санкционирани. Од нив девет за неисправен уред за сопирање, две за неисправен уред за управување итн.