Седумнаесетгодишник нападнал полицајци во Тетовско

141

СВР Тетово поднесе известување против Д.Д.(17) од село Брвеница, Тетовско, поради „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 7.04.2019 година, околу 2.00 часот по полноќ, во Тетово, пред угостителски објект на ул. „29 Ноември“ пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства.