Санкционирани 370 лица за неносење маска

26

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 370 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.