Санкционирани возачи кои организираат и учествуваат во диви трки во Скопје

43

Полицијата вчера од 14 часот до полноќ спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки. 

Како што информира денеска МВР, привремено се задржани 35 мотоцикли поради сомнение за техничка неисправност и издувни уреди кои создаваат бучавост поголема од дозволената.

– По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 39 мерки за сторени сообраќајни прекршоци од мотоциклистите. За констатираните прекршоци издадени се 15 мандатни платни налози и 24 прекршочни платни налози, се вели во соопштението од МВР.