Русковска пристигна на рочиштето за притвор на потпретседателката на „Меѓународен сојуз“

228

Обвинителката Вилма Русковска пристигна во судот каде се очекува да почне рочиштето за притвор за осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски.

Мандиќ сѐ уште не е донесена во судот. Таа е една од осомничените во новата истрага што денеска ја отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Покрај Мандиќ, осомничена е и Фросина Ременски, почесна претседателка на невладината на Боки 13 и функционерка од СДСМ за која Обвинителството бара да ѝ биде одземен пасошот или редовно да се појавува во судот.