Русковска: Одбраната предлага по 300 сведоци од обвинет за „27 април“

124

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.

– Сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката – изјави Русковска по завршувањето на рочиштето.

Таа вели дека одбраната со последните дополнителни поднесоци има побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, додавајќи оти смета дека судот не треба да ги прифати, без при тоа да се наруши правото на одбрана.

За организацијата на крвавиот четврток обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Анастасовски. Судењето се одложи за 26-ти февруари.