Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

232

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни дека тој преку други луѓе пратил порака оти сака да се пријави, но само во ОЈО.

– Се консултирав со јавниот обвинител дали сепак да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Колку што ми е познато од разговорот со претседателот на судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање за мерка притвор. И Јовевски се согласил. Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Апсолутно не верувам дека бил болен – рече Русковска.