Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

255
Фото: Игор Бансколиев

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при крај и очекува на почетокот на јануари да биде подигнато обвинение.

– Се привршува истрагата. Се надевам дека на почетокот на јануари ќе биде подигнато обвинение – рече обвинителката.

Таа кажа дека не знае кој ја пуштил пратеничката Фросина Ременски од споредниот влез на зградата и за тоа може одговор да даде претседателката на Апелациониот суд, бидејќи зградата не е на Обвинителството.

Истрагата беше отворена за исплатата на 720 илјади евра и за парите од струшката фирма на невладината организација на Бојан Јовановски. Покрај Јовановски, осомничени се татко му Миле Јовановски, Фросина Ременски, Јасна Мандиќ.