Русковска бара да се одземат пасошите на осомничените

218

Утре ќе бидат повикани во судот останатите осомничени во најновата истрага за невладината организација на Бојан Јовановски, рече обвинителката Вилма Русковска.

Таа бара од судот да им биде одземен пасошот, еднаш неделно да се јавуваат во судот и да им биде изречена забрана да го напуштаат Скопје.

Утре ќе биде поднесено и обвинението за „Рекет“ за тројцата обвинети Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.

– Завршените вештачења на одземените предмети даваат клучни докази. Зборувам за обвинението кое утре ќе го поднесувам и тие осомничени. Пронајдовме многу битни докази – рече обвинителката.

Русковска кажа дека за најновата истрага не биле користени ПИ мерки и дека ќе бара продолжување на притворот за Јанева, Јовановски и Милески.