Рочиштето за „Шамарите од Центар“ против Димче Крстев одложено за 15 јуни

650

Одвоената постапка за предметот на СЈО „Шамарите од Центар“ против Димче Крстев се одложи за 15 јуни.

По барање на адвикатот на Крстев, Дончо Наков, а во согласност од обвинителите на СЈО, судечкиот совет денешното рочиште го одложи поради повреди кои обвинетиот ги добил при напад од непознати лица од пред неколку дена за кои тој пријавил и во полиција.

Крстев беше регистриран и од камерите од настаните од 27 април во Собранието на република Македонија.