Ресенчанец починал во затворот во Шуто Оризари

214

Четириесет и седумгодишен маж бил пронајден мртов рано утрово во притворско одделение во скопскиот затвор во населбата Шуто Оризари.

Безживотното тело го пронашол вработен во затворот, кој констатирал дека починатиот е А.Е. од ресенското село Горна Бела Црква.

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.