Ременски пристигна во судот како осомничена во „Рекет“

354

Пратеничката Фросина Ременски се појави во кривичниот суд пред судија на претходна постапка за проширената истрага за случајот „Рекет“.

Судијката на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост што ги бара обвинителката Вилма Русковска – одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиште и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка. На Јасна Мандиќ, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“ синоќа ѝ беше определен куќен притвор.

Во случајот „Рекет“ досега беа осомничени Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милески – Кичеец и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Обвинителството вчера ја прошири истрагата и за Ременски, Мандиќ, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и за асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова.