Ременски вршеше увид во доказите шест часа

332

Речиси шест часа траеше увидот во доказите на пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, за случајот со работата на невладината „Меѓународен сојуз“, во кој таа е осомничена за помагање во извршувањето на кривичните дела „Измама“ и „Перење пари“, објавија повеќе македонски медиуми.

Осомничените по увидот во доказите за работата на „Меѓународниот сојуз“ пред надлежен обвинител од обвинителството за гонење на организиран криминал ќе дадат исказ следната недела.

Увид во доказите денеска требаше да извршат и Бојан Јовановски, претседател на сојузот, како и неговиот татко Миле Јовановски. Наместо нив, на нивно место тоа го направи адвокатот Сашко Дуковски. Претходно увид во доказите имаат извршено  потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ и личната асистентка на Јовановски.