Милошоски ќе ги носи „бомбите“ кај Русковска

898

Пратеникот Антонио Милошоски се очекува да ги достави снимените разговори поврзани со случајот „Рекет“ на шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска на нивната средба закажана за денеска.

Средбата е на иницијатива на Милошоски кој минатата недела во Собранието објави снимен разговор на кој наводно се слушаат лидерот на СДСМ Зоран Заев и други лица, кои разговораат за финансирањето на телевизијата на првобвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски.

Пратеникот посочи оти снимката му е доставена од укажувач.