Рачна бомба пронајдена во ѕидовите од стара куќа

72

Шеесет и тригодишник од тетовското село Ѓермо пријавил дека додека изведувал градежни работи за уривање на стара куќа, во еден од sидовите пронашол рачна бомба.

Од МВР велат дека увид извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Дирекцијата за заштита и спасување, чии претставници ја подигнале и транспортирале експлозивната направа за понатамошна постапка.