Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во Битолско

218

Синоќа во 20 часот, пиротехничар од Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од селото Брусник, општина Битола подигнал неексплодирана рачна бомба (офанзивна) од Првата светска војна.

Бомбата била пренесена на безбедна локација.