Ранет ловџија кај Витолиште

1542

Ловџија кој се наоѓал на лов во близина на селото Витолиште, Мариовско, кај рудникот е ранет. Оваа информација пред малку ја добивме во нашата редакција од страна на некои ловџии кои учествуваа во ловот. Ловџијата е ранет во пределот на рамото.

Апелот за помош стигна и до Горската служба за спасување во Битола, кои како што дознавам веќе испратиле една екипа кон Витолишта.

Засега не се знае точно како дошло до ранувањето на ловџијата и за каква рана станува збор. Да потсетиме само пред нешто повеќе од еден месец во битолското село Канино беше убиен еден битолски ловџија. М.М.